Усвоен буџетот за 2013 во Струга

Струга го одобри предлог буџетот за 2013 год. Тој е тежок 12 милиони евра. Годинава во споредба со лани, буџетските средства на општина Струга се намалени за 21.3%.

 |  Николоска Биљана  | 
sednica Struga
седница Струга

Општина Струга во 2013 година на располагање ќе има околу 12 милиони евра. sednicastrugaТолку е тежок струшкиот буџетот. Истиот, на денешната редовна 47 ма по ред седница на Советот на Струга, беше усвоен експресно, без поголема дебата. Повеќето од струшките советници се изјаснаа позитивно по предлог буџетот, бидејќи сметаат дека истиот е реален. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека годинава одлучиле да бидат поскромни во проектирањето на буџетот, бидејќи според него, домашниот есап кој го планирале од продажба на неизградено градежно земјиште не излегол на пазар.

„Намаливме доста ставки кои беа потрошувачки, значи во 2013 сакаме да ставиме еден режим за помалку потрошувања и во администрација и во програмата Совет, градоначалник и во други програми“-вели Мерко.

sednicaaaСоветничката група на ВМРО ДПМНЕ поднесе 547 амандмани. Истите после нецели 30 минути колку што траеше паузата на седницата, беа повлечени. Јулијана Зуноска од ВМРО – ДПМНЕ рече дека цел на поднесувањето на амандманите било укажување од нивна страна на корекција на  недостатоците од буџетот, како истиот би бил пофункционален и порационален и да ги задоволи потребите на сите граѓани на општината.

„Која беше нашата цел! Сакавме преку тие амандмани да укажеме што се можеше овој градоначалник да направи во изминативе 4 години, а не ништо да не се реализира и Струга да не личи на Струга каква што ја познаваме – рече Зуноска.

Струшките народните избраници и градоначалникот Мерко, сметаат дека буџетот за 2013 година е во интерес на граѓаните на општина Струга. Градоначалникот посебно остави простор, амандманите кои ги поднесе советничката група на ВМРО – ДПМНЕ во иднина нему или на идниот градоначалник да му послужат  да увиди кои се потребите на  градот. Буџетот за 2013 година беше усвоен со 20 гласови за, протв беа само советниците на ПЕИ.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top