Уште еден кат на општинската зграда во Струга

Ќе се гради сала за седници, 8 канцеларии  и приемен шалтер.

 |  Колоска Билјана  | 
majstor
мајстор

Ќе се гради сала за седници, 8 канцеларии  и приемен шалтер.

Општинската зграда на Локалната самоуправа во Струга се реконструира. Деновиве интензино се работи на реализација на проектот за подигнување на уште еден кат на општинската зграда. Потребите на општината и тоа како бараат вакви зафати, вели градоначалникот Рамиз Мерко.

opstinska zgrada„Секојдневно добиваме нови ингеренции а со тоа се зголемува и бројот на вработени, затоа општинската зграда станува се потесна. Тоа беше и причината поради која се одлучивме да превземеме вакви зафати“-вели градоначалникот Рамиз Мерко.

Од општинскиот буџет за оваа намена се одвоени околу 130 илјади евра. Со овие средства според проектот за реконструкција на општинската зграда  е предвидено да се изградат нови 8 канцеларии како и сала за состанување на струшкиот совет. Истата ќе биде опремена по највисоки стандарди, вели градоначалникот Мерко. Долниот дел од зградата ќе се проширува кон плоштадот за околу 5 метри.

„Со проширувањето е предвидено да се направи приемен шалтер. Наместо граѓаните да доаѓаат кај мене, секакви информации ќе можат да добијат на тој шалтер“-истакна Мерко.

Активностите за реализација на проектот се очекува да бидат завршени за еден месец. Бидејќи доаѓа зима градежните зафати ќе се одвиваат со забрзано темпо. Сакаме што поскоро да ја уредиме општинската зграда да биде во функција на граѓаните, вели градоначалникот Мерко.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top