Во срцето на Струга насилен упад во црквата Св. Ѓоргија. Нешто подоцна во временски интервал од дваесетина минути на идентичен начин, упад и во Н.У. Др. Никола Незлобински од Струга.
Верските објекти, најлесна мета за криминалците. Веќе подолго време во континуитет преку ноќ исчезнува вредното културно наследство од струшкиот регион. Утрово во срцето на Струга, имаше упад во црквата Св. Горѓија од засега непознати сторители. Нешто подоцна по дваесетина минути, мета на непознати сторители бил и музејскиот објект на Др. Никола Незлобински. Директорот на оваа установа Др. Сашо Цветкоски, изненаден од овој настан, вели дека никогаш немало индиции за кражба и жално е што криминалците посегнаа и по верските објекти во градот.
Двата вандалски чина потврдени се и од СВР Охрид. Додека стручните тимови сеуште вршеа увид на лице место во двата објекти, портпаролот Стефан Димовски излезе со првичните информации.Тој рече дека и во овие случаи имаме идентичен начин на упад, со обивање на влезните врати. Димоски кажа дека во случајот со упадот во црквата Св. Ѓорѓија од внатрешноста на црквата не е одземено ништо но недостигаат работи од Галеријата на икони, која е отворена во 2009 година и која има вредни икони кои датираат од 13 тиот до 19 век.
Никој не знае што точно е одземенено од обиените објекти, од црквата Св. Ѓоргија и од административната зграда на музејот Др. Никола Незлобински. Свештените лица од црквата Св. Ѓоргија ги одбегнуваа камерите, но одбегнуваа и воопшто да комуницираат со нас. Пристапот до двата објекти беше оневозможен поради увидот на стручните лица Дали се работи за синхронизирани настани, со точност не можеа да кажат од Секторот. Не се знае дали од црквата е одземена и највредната икона со ликот на светецот Св. Ѓоргија.
Повеќе години наназад институциите се обидуваат да го заштита непроценливото културно наследство. Еден таков обид беше депото точно во црквата Св. Ѓоргија во Струга, но за жал и тоа се покажа неуспешно.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град