Струшките социјалдемократи два дена ги блокираат главните крстосници во општината. Протестите продолжуваат и денес и утре во интерес на граѓните на Струга поточно во заштита на демократијата и слободата како основни човекови права загарантирани со Уставот на Р. Македонија, изјави претседателот на ОО на СДСМ.
Два дена протестираат и струшките социјалдемократи. Го искажуваме својот револт за кршењето на демократијата, слободата и Уставот пред и во собранието на Р.М. од страна на актуелната власт, вели Ристе Ќушкоски актуелниот претседател на ОО на СДСМ – Струга.
„Истовремено сакаме да ја информираме струшката јавност дека советничката група на СДСМ- Струаг не учествуваше во расправа на последната седница на Советот на општина Струга поради изгубената доверба на институциите на власта“ -истакна Ќушкоски.
Ќушкоски го повтори ставот на нивната партија на централно ниво, дека можно е да се случи струшките социјалдемократи да не излезат на локалните избори, доколку не се испочитуваат забелешките од ОБСЕ и ОДИХР, со акцент на избирачките списоци.
„Ни се случи и нас, јавноста знае дека масовно се издаваат лични карти на албански државјани, тоа е карактеристично за Охрид, Ресен и Битола. Тоа се случи и кај нас во локалниот клуб на жени на СДСМ Струга“– рече Ќушкоски.
Получасовните блокади на главните крстосници во Струга продолжуваат и денес и утре. А што се однесува до преговорите помеѓу ОО на СДСМ и ОК на ВМРО – ДПМНЕ на локално ниво за настап со единствен кандидат за градоначалник, засега се ставени во мирување, изјави претседателот на струшките социјалдемократи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град