Улицата „Едвард Кардељ“ во Мислешево е патека за рели

Веќе две децении таа  им е ноќна мора на жителите. Ако сакате да поминете по неа при врнежливо време, задолжително со себе  носете гумени чизми.

 |  Билјана Ќосеска  | 
ulica
улица

Веќе две децении таа  им е ноќна мора на жителите. Ако сакате да поминете по неа при врнежливо време, задолжително со себе  носете гумени чизми.

Жителите на село Мислешево се на мака поради  улицата на која живеат. Околу 200 домаќинства населени на  „Едвард Кардељ“ години наназат се справуваат со бројни проблеми. Иако таа се наоѓа во центарот на ова село,  сепак веќе две децении е во катастрофална состојба и тоа во  секој период од годината.Преку лето се гушат во прашина а при врнежи приморани се да носат чизми.

„На голема мака сме, штом поминат децата по улица постојано треба да ги пресоблекуваме а тоа се случува по неколку пати во денот“-раскажува Новица Грујоска, жител  на ова село.

Велат дека во овие 20 години, постојано се обидуваат улицата дабиде во функција. За таа цел на неколку наврати мештаните со заеднички напори поствиле чакал,  но залудно. Од кога е направена канализационата мрежа, улицата целосно е раскопана.

ulicaРанко Колењоски вели страмота е во денешно време да дојде некој кај нас на гости и да види о какво место живеееме.
Жителите како што велат за овој проблем  до сега им се обратиле на сите  досегашни градоначалници, но никој од нив не им излегол во пресрет. За состојбата со улицата е информиран и градоначалникот Рамиз Мерко.

„Бевме кај градоначалникот, тој ни рече да собереме потписи од сите меѓтани од овој дел. Го направивме тоа, го доставивме до него и еве до денес сеуште нема нито од ветеното“-кажува Науме Милошески.
Од општина Струга велат дека во програмата за асвалтирање на патишта и улици влегуваат и оние во село Мислешево. Зоран Гулицоски, секретар на о.Струга вели дека општината има проект за асвалтирање на два патишта. Кракот од Мислешево до Евро хотел и другиот од Мислешево до магистралниот пат.

Тој потенцира дека за ова село се изготвени 6 проекти и во фаза на изготвување се уште толку. Жителите се надеваат дека за скоро време ќе го поќувствуваат мирисот на свеж асвалт од нивната улица.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top