Спомен плочите на лауреатите од струшкиот парк на поезијата, мета на вандалистите. Засега непознат сторител или сторители украле вкупно 27 месингани плочи. Оваа појава во Струга евидентна е веќе подолго време. Тоа не се случува само на плочите од лауреатите, туку и врз неколку бисти на паднатите борци од НОБ, заслужни граѓани на Струга. Очигледно поради замижување на релевантните фактори пред ваквите дела, сторителите имаат одврзани раце да посегнат по криминал од ваков вид. Стружани во неколку наврати укажуваат на тоа и го осудуваат овој вандалски чин.
– Тоа само зборува за нашиот менталитет и совеста за почит кон културата и луѓето кои придонесуваат за градот, вели еден стружанец.
– Треба на ова да му се стави крај. А кој може да стави крај,само полицијата или да стават чувари и да го фатат виновникот и да го натераат се да плати. Само така ќе се опаметат, вели друг стружанец.
И градоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко, со свој коментар за овој проблем. Тој вели дека материјалната штета не е голема и вредноста на месинганите плочи е занемарлива, голем е ударот врз културното наследсатво на градот на поезијата, каде се одржува светски реномираната манифестација Струшки вечери на поезијата.
Месинганите плочи беа обновени и поставени пред засадените дрва од страна на добитниците на Златниот венец, годинава по повод 50 годишниот златен јубилеј на оваа манифестација. Со осуда за вандализмот со плочките со имиња на лауреатите на СВП, излзе и Управниот одбор и Дирекцијата на Струшките вечери на поезијата. Осудата од УО и Дирекцијата следи по вчерашниот вандалски чин при кој засега непознат сторител уништил и украл 27 плочки со имиња на лауератите на СВП. Полицијата трага по сторителите, бидејќи се работи за досега најголем масовен чин на уништување на спомен обележјата во градов.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град