Од црквата во Долна Белица се украдени 10 икони, а не како што првично беше кажано 20-тина. Стручните лица направија увид и констатираa оти од Св. Богородица фалат вредни предмети.
Од црквата во Долна Белица се украдени 10 икони, а не како што првично беше кажано 20-тина. Стручните лица направија увид и констатираa оти од Св. Богородица фалат вредни предмети.
Неофицијално, иконите се во вредност од околу 6 илјади евра. Засега, од сторителите нема ни трага ни глас.
Ова го потврдија од струшкиот Музеј по увидот кој го направија по втор пат. Установено е дека од црковниот објект фалат 10 драгоцени икони со различни димензии.
Испитувањата се вршени според регистарот на заведени икони на Р.Македонија но и по документацијата со која располага струшкиот музеј, направена пред околу 4 години.
Покрај, 10-ете икони, од црквата Св. Богородица од предметите кои недостасуваат е и една плаштаница (везано платно), еден појас богородичен и два сребрени крста со постулат. Полицијата сеуште презема мерки за пронаоѓање на сторителите.
Инаку, кражбата во црквата св. Богородица, се случи кон крајот на минатиот месец. Крадците со алат го скршиле цилиндерот од бравата на влезната врата од црквата и со себе ги зеле горе наведените предмети.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град