УЈП ги пофали охриѓани и стружани

Охриѓани и стружани се покажаа ажурни во својата обврска кон УЈП. Добри 94% поднеле годишни извештаи.

 |  Билјана Николовска  | 
ujp
ујп

ujpСе исполнија очекувањата на управата за јавни приходи. 4 041 даночни обврзници поднеле годишни извештаи за исплатени приходи во 2009 година на подрачјето во Охридско-струшкиот регион. Ова се податоци до 15 февруари и не се конечни велат од регионалната дирекција на УЈП во Битола.
Портпаролот Снежана Стојаноска кажува дека процентуално бројот на поднесени извештаи од даночни обврзници е 94% и очекува тој процент да се зголеми.
Стојаноска потенцираше дека управата ќе инсистира на точно запазување на роковите и изрекување на казни не само за неподнесување, туку и за задоцнето поднесување на даночните пријави и извештаи. Таа додаде дека тоа е со цел да се запази рокот и да не се изрекуваат казни и е во интерес на УЈП и на сите даночни обврзници.
Радува податокот дека нашите очекувања се надминати и бројот е натфрлен, вели Стојаноска. Таа нагласи дека од оваа година има дополнителна обврска за исплатувачите на приходи кои вршат откуп на земјоделски производи од физички лица. И тие мора да поднесуваат годишни извештаи до УЈП.

{loadposition content}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top