Туристичките и угостителските работници се соединија од градот да направат светска метропола.
Туристичките и угостителските работници од Струга се соединија да го втурната градот меѓу светските туристички центри. Инфраструктура, сигнализацијата, и уште поголема промоција на Струга- како атрактивно туристичко место, се приоритетите за кои ќе се залагаат инволвираните во туризмот.
За да се подобри туризмот во Струга, денес по иницијатива на „Агенцијата за развој на туризмот“ се формира „Туристички совет“. Струга е првиот град во Македонија во кој се реализира оваа идеа на агенцијата.
„Целта е поврзување на туристичките работници, локлната самоуправа и Агенцијата за развој на туризмот“-вели Зоран Стрезоски од „Агенција за развој на Туризмот“.
Туристичкиот совет ќе формира раководно тело кое ќе вклучува од 5 до 12 членови, кажува Стрезоски. Резултатите од неговото работење, се очекува да се почувствуваат за еден месец. Ефектите би биле од големо значење за секој град, посебно за Струга како туристичка дестинација. Доколку сме организирани сигурно дека ќе бидеме поуспешни, е ставот на туристичките и угостителските работници од Струга.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град