Угостителите од Вевчани изминатава туристичка сезона ја оценуваат како подобра од лани, но недоволна за позитивно салдо на крајот на годината. Најбројни во јули и август беа домашните гости и туристи од соседството, изостанаа туристичките групи од Холандија и Полска.
Туристичката сезона во Вевчани беше подобра од лани, оценуваат угостителите. Имаше голем број домашни туристи и гости од соседните земји и дијаспората. Но проблемот е што сезоната траеше многу кратко, велат угостителите, пикот беше од 15 јули до 15 август. Период од еден месец е премалку за угостителите да имаат позитивно салдо на крајот на годината.
Секоја помош е добредојдена не е спорно, но ние сакаме да работиме и така да го заработиме тоа парче леб. Најдобро би било да помине оваа пандемија и да се вратиме во нормала како пред две години – вели Тони Костојчиноски угостител од Вевчани.
Туристичко Вевчани во есенскиот период нема голем број посетители, угостителските објекти се празни.
Вевчани е малку специфично, бидејќи работиме само во сезона негде од мај до август па ги чекаме новогодишните празници и карневалот наш кога доаѓаат повеќе гости и фактички тогаш ги вадиме трошоците за перидот што поминал и што следи – додава Костојчиноски.
Пред пандемијата Вевчани од мај до крајот на септември беше полно со групи туристи од Холандија и Полска.
Новинар : Соња Рилковска
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град