Тројца ученици повредени во тепачка во Струга

Овој пат инволвирани се два класа од гимназијата „Ибрахим Темо“. Засега не е познат мотивот за инцидентот.

 |  Билјана Колоска  | 
carshija
чаршија

Овој пат инволвирани се два класа од гимназијата „Ибрахим Темо“. Засега не е познат мотивот за инцидентот.

Повторно конфликти помеѓу ученици во Струга. Тепачката помеѓу ученици албанци  и македонци се случи утринава околу 11часот и  30 минути. Неофцијално конфликтот  бил надвор од училишните дворови на двете средни училишта, односно непосредно до така наречената „Стара Пожарна“. Во неа биле вклучени околу 60-тина ученици од втора година, од гимназијата „Ибрахим Темо“. Епилогот од тепачката се тројца повредени кои се пренесени во хирушкото оделение во Струга. Лицата се надвор од животна опасност.

StrugaОд Гимназијата „Ибрахим Темо“ го потврдија инцидентот, од каде не  ја исклучуваат можноста  конфликото да има и политичка позадина.

Овие инциденти доаѓаат по десетина дена од воведувањето на јазичните смени во „Нико Нестор“. Министерот за образование најави дека ќе превземе соодветни мерки.

Инаку, денес полицијата приведе повеќе од учениците  инволвирани во тепачката. Мотивите за денешниот инцидент сеуште не се познати.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top