Трнлив пат до сопственост

Две години стружанецот Борис Коркутоски, талка по судските врати барајќи правда. Се чуди како може Основниот суд во Струга, да непризнава документи кои сам ги донел. Посебно е разочаран од судечкиот судија по неговиот предмет.

 |  Билјана Николоска  | 
sporna kuka
sporna kuka

sporna kukaТуѓото не го сакам, моето не го давам. Борис Коркутоски од Струга, неможејки повеќе да молчи и сам да се справи со неправдите кои му се нанесуваат, како што самиот вели, решил за помош да се обрати до сите релевантни субјекти во државава. Тој кажа дека согласно Судската спогодба и Договор за поклон донесени и заверени од струшкиот суд, површината на градежната парцела каде се наоѓа неговата куќа изнесува 308 м2, а со приватизацијата изнесува 264м2. Додава дека 44 м2 му се украдени од комшиите, а со благослов на државните институции. Коркутоски вели дека и од геодетските вешти лица докажале дека спорните метри се негови и наместо потврда на сопственоста, некој сакал да го направи дека не знае што бара.

„Државата му дала да гради куќа на мое земјиште но никој не посегнал да го одземе моето земјиштето за да му даде на комшијата за да гради куќа. Како може да ми го земе имотот мој а да не ми го плати. Јас затоа покренав судски спор и предметот падна кај Гетан Кадриоски, кој од самиот почеток беше трет адвокат на тужената страна. Записниците ги правеше онака како што сака тој. Ние на последното рочиште на 13. 10 не сакаше да напише она што вештаците го изјавија а што беше во наша полза“, вели Коркутоски.

Тој, поради некоректниот однос на судечкиот судија по предметот за сопственост, решил да побара негово изземање. Но тука нашиот соговорник се сопнал на поголема неправда.

„Судијата вршеше притисок на мене и го закажа рочиштето на 09.11 без присуство на мојот адвокат. И така заврши претставата, циркузијадата на 13 10. годинава. И врз основа на тоа побаравме изземање на судијата и до сега немаме одговор. Прашувам како ќе одам на судење на 09.11 годинава кога не сакам да суди судија кој не кажува она што е“, изјави Коркутоски.

Сметам дека за мојот случај сега државата е на тест. Мојата преставка е доставена до медиумите, Основниот суд Струга,  Министерството за правда, Судскиот Совет, Апелациониот суд – Битола, ОПСЕ, до премиерот Груевски, вели Коркутоски. Тој набрзо на 09.11 годинава треба да присуствува на ново рочиште, вели дека нозете му се враќаат бидејќи знаел оти пресудата однапред е напишана. Коркутоски смета дека постапката која ја води судечкиот судија е добро подмачкана.

Поради објективен, транспарентен и непристрасен начин на информирање, одговор побаравме и од втората страна, Основниот суд, Струга. Барањето го пративме по е-маил адреса и по пошта. Веруваме дека набрзо ќе добиеме одговор на нашето барање за информација од јавен карактер, а кое се однесува на предметот за докажување на сопственост на Коркутоски, за кој предмет оштетениот бара изземање на судечкиот судија од предметот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top