Трн во здрава нога

„Секој ден се повеќе стравувам за сигурноста на својот живот“. Вента Љабоска од С. Мислешево струшко, сонува со отворени очи. Старицата во поодминати години со солзи во очи ја раскажа својата трогателна животна сторија.

 |  Билјана Николовска  | 
Venta Ljaboska
Вента Љабоска

Си ставив трн во здрава нога. Осумдесет годишната Вента Љабоска од Мислешево, струшко се охрабри јавно пред камерата на ТВМ да ја раскаже својата трогателна животна сторија.

После смртта на нејзиниот сопруг и двете деца старицата останала сама во својата скромна куќа. Самотијата и неможноста да се грижи за себе поради годините, ја натерало да склучи договор со семејството Спироски, за да ја догледа, а за возврат после нејзината смрт да им ја остави куќата. Но отогаш почнува нејзиниот кошмар. „Побарав само вода, касај леб и да ми го наместат креветот, а за возврат добив навреди, пцовки и невидена тортура“, раскажува низ солзи Љабоска.

Taa вели дека од брачната двојка Спироски и нивните три деца во сопствената куќа нема мир ни на сон ни на јаве. И ја искршиле куќата која таа и нејзиниот сопруг со маки ја направиле делејќи леб од устата на нејзините деца. Старичката додава дека три години неможе со топла вода да се избања, бидејќи не ја оставале, дури за некои постапки и физички се пресметувале со неа. Љабоска кажува дека тропнала на сите врати на надлежните институции, но досега од никаде сериозно не се нафатиле да се справат со нејзиниот проблем. Секое физичко малтретирање таа го пријавувала в полиција. Пријавила и кога Спироски и ја скршил раката, но од таму и рекле дека неможеле повеќе да доаѓаат и да ја бранат. Љабоска очајна вели дека сака само да го раскине договорот со семејството Спироски и остатокот од животот да го помине во мир. Таа верува дека преку медиумите надлежните ќе слушнат и ќе и помогнат да се куртули од насилството кое го трпи.

Од Невладината организација „Езерка“ од Струга, велат дека семејното насилство е во подем и ги загрижува возрасната граница на насилниците. Драгица Павлеска Попеска, првиот човек на оваа организација вели дека будно ја следат состојбата на ова поле и не застануваат со своите активности за спречување на семејното насилство. Додека на државно ниво растат пријавите в полиција за семејно насилство, кај нас тоа сеуште е табу тема. Жртвите на семејно насилство го пријавуваат насилството кај невладиниот сектор, но кога треба да се пријави до надлежните постои страв дека може да им се влоши состојбата. Попеска смета дека институционално треба поголем ангажман на ова поле и да се воведат поригорозни казни за насилникот, а поголема заштита за жртвата.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top