Трговијата со луѓе зема голем замав

Во Струга одбележани македонските денови за борба против трговијата со луѓе. НВО „Езерка“ се најде во потесниот список на Министерството за внатрешни работи за делување, од аспект на превенција и едукација против ваквиот вид на криминал.

 |  Билјана Николоска  | 
Popeska
Popeska

Трговијата со луѓе се случува насекаде и во секој момент. Македонија од транзитна зона, стана земја на потекло на трговијата со луѓе. Се тргува со младите од источниот дел на земјава во западниот. Најсуровото кршење на човековите права, трговијата со луѓе, е еден од најпрофитните организирани криминали кој зема се поголем замав и трговците со луѓе не бираат средства и начин да го спроведат тоа, вели Драгица Павлеска Попеска од НВО „Езерка“, Струга. Тие во континуитет ја следат оваа проблематика, посебно во делот на превенција и едукација, за што и официјално добија насоки за делување од страна на Министерството за внатрешни работи на Р. Македонија.
ezerka broshuraТрговец може да биде секој бидејќи до ден денес ретко кој може истите да ги препознае, вели Попеска. Таа додава дека посебно младите, мора да се едуцираат во насока како да ги препознаат таквите луѓе и што треба да направат. Загрижувачки податоци на трговија со луѓе доаѓа и од градежниот сектор, вели Попеска.
Попеска вели дека постојано треба да сме будни и да внимаваме на секаков начин на комуникација вклучувајќи ги тука како опасност и социјалните мрежи, каде податоците се достапни за секој. Тимот на НВО „Езерка“, досега има спроведено едукација во скоро сите образовни институции во градот, а исто така во струшките угостителски објекти, во градскиот пазар, чаршијата, автобуските постојки, поделен е пропаганден материјал за борба против трговија со луѓе. Попеска категорична во својот став, дека многу е важно што од некаде се почнало, но дека и Владата лично се заангажирала за сузбивање на овој вид криминал.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top