По трет пат во Струга „Фолк мост“

500 играорции дефилираа по кејот на Дрим и струшката чаршија. Одлична можност за културна размена, велат учесниците.

 |  Билјана Колоска  | 
nastap
настап

500 играорции дефилираа по кејот на Дрим и струшката чаршија. Одлична можност за културна размена, велат учесниците.

Различни народни носии можеа да се видат на едно место, на манифестацијата “Фолк мост“ во Струга. Истата се организира по трет пат и со тоа станува традиционална. Ваквата манифестација е одлична можност за културни размени помеѓу младите, вели уметничкиот раководител на манифестацијата.

defileМладите се помалку се заинтересирани да бидат дел од фолклорните ансамбли. Со тоа незнаат што губат, вели играорецот, Јовче Милошоски.

На манифестацијата учество зедоа вкупно 12 амсамбли. 4 локални, 4  од градовите низ Македонија и исто толкав број од странство. Од пионерскиот ансамбал од Србија, кои учествуваа на манифестацијата  „Фолк Мост„ велат дека во нашава земја се чувствуваат како дома.

Оваа манифестација е една од многуте кои ги организира Центарот за Култура„ Браќа Миладиновци“ но сигурна сум дека и оваа не се информирани стружани, вели директорката.  Тоа се должи, додава таа, на тоа што граѓаните воопшто не се интересираат за културните случувања во градот.

Инаку, синоќа учесниците на манифестацијата „Фолк Мост“ дефилираа по кејот на реката Црн Дрим и струшката чаршија. Свој настап имаше секој ансамбал.

Претходната година бевме во Гевгелија, и Охрид го имаме посетено. Почесто доаѓаме во Македонија, имаме многу добро искуство  и убаво мислење за ваквите организации. Македонија веќе не има прифатено и ние неа. Видовте и сами се пее македонско девојче а доаѓаат од Србија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top