Традицијата е длабоко врежана во нас

Секој верски празник треба достојно да е одбележан според старите кажувања на верниците.

 |  Николовска Биљана  | 
оган
оган

Секој верски празник треба достојно да е одбележан според старите кажувања на верниците.

badnikariСтружани после три години се собраа на посна трпеза, и заиграа Бадниково оро покрај големиот оган распламтен како адет, за Бадник.
Со вино, ракија и посна трпеза со гомлезе плашици, риба, македонска сарма и колачи, стружани синоќа го одбележаа големиот христијански празник Бадник. После три години, здружение на граѓани од Струга одлучиле да и се вратат на старата традиција. Распламтениот бадников оган гореше на женска плажа. Силниот ветер и дождот не ги спречи верниците масовно да се соберат и да наздрават. Организаторите со топла ракија и здравица посакаа оваа традиција да продолжи, да не биде заборавена и да се јаде и пие секој дури може.

Меѓу присутните беше и Сашо Цветкоски директорот на музејот Никола Незлобински, кој рече дека не се пропуштаат ваквите настани. Иако не постои никаква допирна точка со науката, сепак вреди да се биде дел од ваква атмосвера, додаде Цветкоски.

Интересно е што младата популација беше масовно присутна на одбележувањето на Бадник. Заиграа на орото рамо до рамо со верните припадници на традицијата. Главно се говореше за адетите на подрачјето на општина Струга, интересни случки низ времето поврзани за овој голем ден.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top