Црквата „Св. Недела“ Коњско се штити од лизгање на земјиштето. Ова свето место се наоѓа на патниот правец Охрид – Св Наум. Екипите на ЈП „Македонија Пат“, од пред два дена сериозно се зафатија за работа со цел да го реализираат проектот на Владата на Р Македонија со кој е предвидено на ова место да се изгради потпорен зид. Оваа инвевестиција чини 3 милиони денари. Раководителот на овој проект Васко Трајковски, рече дека досега работите се одвиваат според однапред зацртаниот план и ги кажа техничките карактеристики за овој потпорен зид. „Се гради потпорен ѕид во должина од 63 м и висина 4 м кој оваа опасна косина ќе ја обезбеди за подолг временски период“, рече Трајкоски.
„Многу луѓе се нафатија но никој во целост не се справи лизгањето на земјиштето кај црквата Св Недела во населбата Коњско“, истакна Атанаско Михаилов првиот човек на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Тој рече дека со реализацијата на проектот за изградба на потпорен зид во оваа населба се исполнило уште едно ветување на владата на Груевски.
И жителите на Коњско го поздравија овој гест на Владата. Никола Тренески упати голема благодарност до актуелното политичко водство на ВМРО – ДПМНЕ, и потенцира дека ова што во моментов се прави е за општото добро на сите во оваа населба.
Според изјавите на одговорните лица од „Македонија пат“ се очекува до средината на месец септември комплетно да се реализира овој проект со што долгорочно се решава еден сериозен проблем.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град