Тивка кампања на ДУИ

Актуелниот градоначалник Рамиз Мерко им се заблагодари на политичките партии и граѓаните кои допринеле во Струга да има фер избори.

 

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого

Актуелниот градоначалник Рамиз Мерко им се заблагодари на политичките партии и граѓаните кои допринеле во Струга да има фер избори.

Неговата кампања била тивка, не одговарал на провокации. Ги повика граѓаните во вториот круг да гласаат за најдобриот.

Ramiz MerkoТоа што ДУИ на ови избори доби најмогу гласа се должи пред се на подршката од граѓаните. Без разлика од која политичка партија биле моите гласачи, и дали тоа биле албанци, македонци, турци или египќани, важно е дека сите тие кои ја дале довербата за мојата кандидатура, ме подржуваат и ми даваат мотив да се борам и понатака, истакна кандидатот за градоначалник од ДУИ, Рамзи Мерко. Со тоа тој ја демантира изјавата од неговиот конкурент Фијат Цаноски оти победата на Мерко биле со гласови купени со пари. Актуелниот градоначалник, рече дека имал многу тивка изборна кампања и не одговарал на провокациите од другите политички партии.

Мерко потенцира оти неговата способност за работа ќе ја докаже и во следниот мандат. Ги повика граѓаните во вториот круг да го остварат своето гласачко право и масовно да излезат на гласање.

Мерко им се заблагодари на политичките партии и граѓаните што допринесоа во Струга уште еднаш да се реализираат фер и демократски избори.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top