Тешка сообраќајна незгода

Верижен судар на патниот правец Охрид-Струга. Вчера попладне, 4 возила учествуваа во тешка сообраќајна незгода, во која за среќа немаше жртви. Причинета е голема материјална штета.

 |  Билјана Николовска  | 

Вчера се случи тешка сообраќајна несреќа на патниот правец Охрид-Струга. Во неа учествуваа четири возила заради кои синоќа тој дел на патот цели 5 часа беше затворен за сообраќај. Од СВР Охрид портпаролот Стефан Димовски, вели дека направен е увид од страна на стручни лица, и за брзо време ќе се знаат причините до кои дошло до несреќата.

Во несреќата 3 лица се здобиле со тешки телесни повреди, при што задржани се во болницата Св Еразмо-Охрид  на понатамошно лекување. Шест лица се полесно повредени од кои само едно било пренесено во општа болница Охрид, врз кое веднаш е реагирано со потребна медицинска помош велат од општа болница Охрид  
СВР работи на утврдување на причините поради кои се случила тешката сообраќајна незгода и во тек е истрага. Верижните судари често се случуваат во зимскиот период, но по се изгледа дека нема правило за непочитувачите на сообраќајната култура.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top