Убиството беше извршено вчера во 16 часот и 30 минути во ресторантот „Аква блу“ во Струга. На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Струга во содејство со полициски екипи.
Се трага по убиецот на Дилавер Бојку Леку. СВР Охрид и полициската станица во Струга преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на сторителот на казненото дело „убиство“ извршено вчера во 16 часот и 30 минути во ресторантот „Аква блу“ во Струга. 55 годишниот Леку откако било пукано во него од непосредна близина, во бесвесна состојба бил донесен на хируршкото одделение во струшката болница каде по неуспешна реанимација ,констатирана е смрт. На местото на настанот извршен е криминалистичко-технички увид предводен од Јавен обвинител при Основното јавно обвинителство Струга во содејство со полициски екипи.
„Од она што е констатирано после увидот е дека врз сега починатиот стрелал еден човек, едно лице го извршило делото, пукал од непосредна близна од огнено оружје и веднаш потоа избегал од местото на настанот. По него се упатиле две лица со цел да го фатат и задржат се до доагањето на полициските службеници, но притоа осомничениот и можниот сторител и кон нив испукал два куршуми и потоа избегал“ изјави Стефан Димоски – портпарол СВР Охрид.
Засега непознатиот сторител со трчање го напуштил ресторантот бегајќи кон улица „Партизанска“. По наредба на Јавен обвинител, врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција.
„Во тек се опсежни оперативни мерки со кои органите се обидуваат да го лоцираат и идентификуваат можниот сторител, се повикуваат повеќе лица на разговор во полициската станица во Струга се вршат анкети но и други мерки со кои се надеваат дека побрзо ќе стигнат до можниот сторител“ додаде Стефан Димоски – портпарол СВР Охрид.
Во врска со причините и за мотивот за стореното кривично дело, особено во врска со шпекулациите кои кружат во јавноста дека станува збор за чин на „крвна освета“ портпаролот на СВР истакна дека сеуште се работи на откривање на истите.
„Мотивот и причините за стореното кривично дело ќе бидат дефинирани откако ќе имаме поблиски информации за можниот сторител, откако ќе се заврши разговорот со него“ потенцира Стефан Димоски – портпарол СВР Охрид.
Димоски, објасни дека станува збор за излориан случај, дека безбедносната состојба во Струга е стабилна и дека граѓаните и туристите во Струга може да се чувствуваат безбедни.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град