• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Кривична пријава против 42 полициски службеници вработени на граничниот премин „Ќафасан“

Кривична пријава против 42 полициски службеници вработени на граничниот премин „Ќафасан“

Тие се товарат за сторени кривични дела – “злоупотреба на службената положба и овластувања“.

 |  Билјана Ќосеска  | 
SVR Struga
СВр Струга

Тие се товарат за сторени кривични дела – “злоупотреба на службената положба и овластувања“.

Поднесени кривични пријави за “злоупотреба на службената положба и овластувања“ против 42 полициски службеници. Сите се вработени на граничниот “Ќафасан“. Од пријавените, 15 се раководители на смена, а останатите 27 – полицајци оператори на пасошка контрола. Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР изврши контрола на работењто на овој граничен премин, по претходни сознанија. Извршен е и увид во службената евиденција на наведената полициска станица, обезбедени се оргинални кантарни белешки од Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор (за возила со тежина над 40.400 килограми) како и сите пресметки на ЈП “Македонија пат“ за настанатата штета.

SVR StrugaПри што е констатиранио дека пријавените овозможиле противправна имотна корист на други лица, во износ од 8.553.993 денари, а на штета на буџетот на РМ во висина од 2.605.200 денари како и на штета на ЈП “Македонија пат“ во висина од 5.948.793 денари. Пријавените го сториле делото во периодот од јануари 2005 година до октомври 2007 година , во 1.237 случаи. Тоа го правеле при контролирање и давање дозвола за влез на товарни моторни возила чија што вкупна тежина била над дозволената.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top