СВП со многу новитети

Течат подготовките за Струшките вечери на поезијата. Редовното 51 издание на оваа интернационална манифестација, годинава со многу новитети.

 |  Николоска Биљана  | 
svp
свп

 

Новиот директор на СВП, Мите Стевоски, во битка со проблемите на фестивалот. Тој денеска заедно со претседателот на У.О Славе Ѓорго Димоски, одржа прес конференција, на која во текот на разговорот кажа дека максимално се ангажирал пред престојното 51 издание на СВП. Визиите за развој и унапредување на фестивалот станаа моја секојдневна преокупација  не само за време на моите работни саати, туку  не ретко се случува светлото во мојата канцелерија секој ден да е запалено  после полноќ, вели Стевоски. Додава дека треба да се направи многу за да се врати некогашниот сјај на оваа светски афирмативна манифестација, и конечно фестивалот да излезе од затворената атмосфера, која беше карактеристична за некои минати времиња.

svp1„Веќе се завршени извесни подготовки во смисла на утврдување на самата програма на фестивалот, која колку што беше можно во еден ваков временски теснец содржи некои новитети, кои до година ќе се поизразени. Се работи на изработка на сценографските решенија и за осмислување на комплетното сценарио за настаните кои ќе се одвиваат на фестивалските денови годинава“-рече Стевоски.

Претседателот на У.О на СВП Славе Ѓорго Димоски, истакна дека до почетокот на СВП ќе има повеќе средби од информативен карактер, со цел јавноста да знае дека се работи и да се елимираат сите шпекулации кои во послено време биле пласирани од страна на некои медиуми, дека фестивалот тоне во долгови и дека во прашање е неговото одржување.

poeti

„Демантирано беше дека такво нешто не произлегло од нашата кујна и ни на крај памет никој не помислил дека фестивалот ќе дојде во ниво дали да се оддржи или не. Тој е фестивал од висок формат кој го поткрепува државата, тој е наш афирматор во светот и е наш македонски бренд и вредноста на нашиот фестивал е голема и надалеку прочуена“-вели Димоски.

Димоски наброи и други проблеми кои според  него не се ништо ново, а се иницираат пред секој почеток на фестивал, поради  сензациаја на некој што сака да го оцрни името на фестивалот. Во таа насока го спомна проблемот со крадењето на металните плочки, кои сторителите го прават поради минимален профит, и рече дека размислуваат да се смени материјалот на кој се испишани имињата на заслужните личности. Финансиите потребни за организација на еден вака светски познат фестивал и натаму остануваат деловна тајна која добро се чува, а одговорот на тоа според првите луѓе на фестивалот треба да го побараме на адреса на Министерство за култура.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top