Судар на два македонски автобуси во Албанија

Два автобуси со охридски регистарски таблички, кои превезувале ученици од Струга на екскурзија во Албанија, синоќа се судриле, при што биле повредени пет лица, меѓу кои и три ученици.

 |   | 
pat Albanija
пат Албанија

pat AlbanijaДва автобуси со охридски регистарски таблички, кои превезувале ученици од Струга на екскурзија во Албанија, синоќа се судриле, при што биле повредени пет лица, меѓу кои и три ученици.

Албанската полиција информира дека со потешки повреди се здобил наставникот Беким Даути (49), кој е пренесен во Воената Болница во Тирана. Повредени се и возачот Члирим Дервиши (26) и учениците Премтиме Мустафи (13), Дритан Дервиши (13) и Арлинде Тагири, кои исто така се пренесени во Воената болница во Тирана.

Двата автобуси, се судриле на патниот правец Валона – Фуш Круја при обид за претекнување.

Останатите ученици од двата автобуси заминале кон Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top