Стружани покажаа голем интерес за јавната дебата за буџетот и развојните прогрми на општината. Присутен беше и градоначалникот Размиз Мерко, кој истакна дека општина Струга мора да биде транспарентна и одговорна пред своите граѓани како и тоа дека буџетот за 2018 година бил проектиран согласно реалните потреби на градот и граѓаните.
Општина Струга го слуша гласот на своите граѓани истакна првиот човек на градот Рамиз Мерко. Денес во хотел Дрим Струга беше презентиран концептот на граѓанскиот буџетски форум, кој се одржува трета година по ред во организација на Центарот на заедницата на општина Струга. Мерко во оваа пригода истакна дека како општина сакаат да бидат транспарентни и отворени пред граѓаните што всушност на граѓаните тоа им било и ветено во изборната кампања.
„Тоа и го правиме да ги слушнеме граѓаните за нивните потреби односно за нашите мислења за развојот на градот поточно за инвестициите каде ќе ги насочиме. Дали ќе бидат во инфраструктура, образование, култура, спонзорства за разни манифестации, урбанизмот, здравството. Многу е добро и сметам дека е транспарентно бидејќи овие граѓани не избраа да бидеме и ние транспарентни према нив“ – вели Мерко.
Абедин Нуроски од секторот за финансии при општина Струга информираше дека буџетот за 2017 бил реализиран околу 45% од основниот буџет и речиси 99% од блок дотации. Од овој сектор во 2018 година очекуваат поголема реализација на буџет.
„Општина Струга веќе на некој начи доби зголемување на рамката бидејќи сите знаеме како функционираше досега општина Стуга со блокирана сметка, бевме ограничени на трошењата. За 2018 имаме планирано развоен буџет кој се надеваме дека ќе имаме поголема реализација во однос на 2017 и со тоа се надевам дека ќе ги задоволиме потребите на граѓаните“ – појаснува Нуроски.
Денешниот граѓански буџетски форум е од исклучителна важност за стружани смета Катерина Талевска Скепароска од Центарот бидејќи како што предочи таа пред граѓаните се дава отчет за реализацијата на буџетот од претходната година, се презентира нацрт буџетот за 2018 година, а исто така на граѓаните им се дава можност со свои идеи да предлагаат проекти.
„Центарот на заедницата ги покани сите граѓани на општина Струга, месните, урбаните заедници, граѓанските здруженија, општинскта администрација, бизнис заедницата. Може да кажиме дека општина Струга станува се потранспарентна и поотчетна општина пред граѓаните, но исто така им се дава можност на граѓаните директно да учествуваат во носењето на локални одлуки и политики но исто така да даваат и свои предлози“.
На денешниот форум беа презентирани и развојните програми на општина Струга, а се изврши и приоретизација на проекти. Впечатокот е дека граѓаните на општина Струга покажаа огромен интерес за денешната јавна дебата на буџетскиот форум.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град