На стружани им треба нов болнички комплекс или реконструкција на постоечкиот, изјави Ментор Ибраими директорот на општата болница. Според бројот на пациенти и интервенции струшката болничка установа може да прерасне во регионален центар доколку се реши просторниот проблем, додава директорот.
На Струга и е потребна нова болница или реконструкција на постоечката. Во моментов оваа установа работи со полна пареа на сите одделенија. Како што кажа првиот човек на болницата Ментор Ибраими чекаат влез во втора фаза од реализацијата на владината програма за реконструкција на здравствени објекти во државава. Нагласува дека потребно е да се прошират сите простории во постоечкиот објект.
„Општа болница има потреба, сведоци сме последниве месеци дека имаме прилив на пациенти за лабараторија, дали е причина нашата прецизност во издавање резултати дали е причина што матичните лекари исполнуваат некои нивни цели по програма што ја имаат за некои анализи, ние не сме под 120 пациенти во лабараторија значи во сите оддели имаме потреба од проширување, од реконструкција“ – вели директорот.
Што се однесува пак на кадровската политика како што кажа Ибраими, доволно биле екипирани и во моментов 12 млади доктори од сите профили биле на стручно усовршување на клиниките во Скопје.
„Во делот на лапараскопската интервенција сме концентрирани која мислиме планираме со едуцирање на кадар не само операција т.е отстранување на камен на жолчка туку и други болести кои можат да се третираат лапараскопски како слепо црево, хернија или брух, хистерактомија тоа е гинеколошка ин тервенција тука кадарот го спремаме го едуцираме мислам дека за брзо врееме ќе почнеме со такви интервенции“ – изјави Ибраими.
Тој информира дека поголемите дефекти кои им се случиле годинава врз медицинската апаратура ги отстраниле, како што бил дефектот со 4 де апаратурата на гинекологија, набавена била сондата, процесорот во ренген службата ставен бил во функција. Зградата на општата болница е изградена во 60-те години на минатиот век и досега се направени само мали поправки со пари од буџетот на болницата, потенцириа Ибраими. Во Струга сè уште доаѓаат голем број пациенти од Охрид, особено на хирургија и покрај подобрите услови во Охрид. Струшките доктори годишно реализираат повеќе од 1.200 операции.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град