Дали стружани ќе прошетаат по „Мостот на љубовта“?

Темелите на Мостот на љубовта се здрави и најверојатно врз нив ќе се гради новиот мост, обелоденува Ресул Хани, од општина Струга. Овој мост сеуште е во сеќавање на стружани кој пред 4 години беше отстранет поради неговата руинираност и небезбедноста на пешаците кои го користеа, а за што претходно се изјасни и експертска комисија од Министерството за транспорт и врски која изврши проценка на неговата конструкција.

 |  Николоска Биљана  | 

Стружани нареднава година ќе го видат новиот лик на Мостот на љубовта, според најавите на надлежните од оваа општина. Се поизвесна станува неговата изградба, информира раководителот на Секторот за урбанизам Ресул Хани. Како што истакна Хани градоначалникот Зијадин Села и неговиот тим веднаш се нафатиле  да им го вратат на стружани мостот кој бил белег на градот. Првично увиделе дека во нивната архива но и во Историскиот архив од Охрид не постоела никаква документација од некогашнот мост. Откриле кој бил изведувач, некогашната фирма „Југодрво“  и почнале да остваруваат контакти со  експертите.

„Контактиравме со професорот Кујунџиќ кој што го проектирал статичкиот дел на мостот, пензионер, екс проф на архитектонски факултет во Белград. Минатата недела беше наш гостин и со одредени цртежи го виде мостот посебно темелите на остатоциоте од мостот. Дојдовеме до заклучок дека темелите се здрави и имаме некои основни проекти врз кои што можеме да го работиме новиот проект“ – појаснува раководителоот на Секторот за урбанизам.

Хани нагласи дека дополнително од професорот Кујунџиќ очекувале цртежи околу архитектонскиот дел, а ќе имало и нивни предлози околу изгледот на мостот, се со цел на стружани да им се врати Мостот на љубовта кој многу значи за градот.

„Среќен сум што најдовме дел од проектите кои се користени на времето, знаеме што се случило во изградбата на темелите и понатка сме во фаза на изготвување на комплетен идеен проект, со нешто додавање, за да добие нова форма, облик, има идеи каде што дел од мостот може да се покрие, но тоа останува кога конечно ќе се реши за тоа. Во моменто кога ќе имаме комплетен основен проект, да се обезбеди некаква документација и дозвола за градба, ќе собериме понуди согласно законот и сигурен сум дека нареднава година ќе имаме нешто конкретно околу мостот“– вели Хани.

Раководителот на Секторот за урбанизам, вели дека за реализација на проектот околу изградбата на мостот ќе аплицираат за помош со средства од државната каса, но и доколку не добијат мостот ќе биде вратен и изграден со средства од буџетот на општина Струга. Инаку препознатливиот пешачки мост на реката Дрим во непосредна близина на Паркот на поезијата во центарот на Струга, беше урнат во јуни 2011 година поради неговата руинираност и загрозена безбедност на пешаците кои го користеа.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top