Започнаа подготовките за 40 тиот меѓународен ракометен турнир, кој ќе се одржи ова лето во Струга. Поддршка за сортитите и спортските работници денеска пристигна и од првиот човек на агенцијата за млади и спорт, директорот Лазе Поповски. Тој е оптимист и вели дека ќе се направи се, со буџетот кој ќе го има турнирот да се направи многу повеќе отколку што некој очекува“.
„ Буџетот на агенцијата за млади и спорт е донесен, помина во собраниска процедура. Во програмата се предвидени средства како и националните и меѓународни натпревари и наскоро ќе распишиме и конкурс на кој федерациите ќе можат да конкурираат за искористување на овие средства“, вели директорот на агенција за млади и спорт, Лазе Поповски.
Оптимисти за овој меѓународен турнир се и спортските работници. „Турнирот кој егзистира 39 години и на кој досега учествувале многу успешни клубови и Европски прваци, мора да помине во најдобро светло. Очекуваме голема помош и од нашата влада за овој 40 годишен јубилеј. Ова не е само спорт, туку и алтернативна гранка, која може да го помогне и туризмот“, вели Гоце Чакар, претседател на сојуз на спортови на Струга. Тој се потсети како било кога се организирал ваков турнир во Струга пред 20 тина години и повеќе и кога се остварувале по 10 – 15 илјади ноќевања само за време на овој спортски настан и тоа со репрезентативци од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина. „Се сеќавам дека и при градбата на „Евро Хотел“, благодарејќи на Борец – Бања Лука беа купени 20 тина апартмани. Во тоа време имаше една огромна раздвиженост и во Струга и во Охрид благодарение на оваа голема грандиозна спортска манифетација“, додава Чакар.
„ Ние алудираме да ги донесеме Европските прваци Борац, Бања Лука и Металопластика. Сакаме да го донесеме годинешниот учесник во европските купови Партизан, нашите два најдобри клубови Металург и Вардар, веќе сме во преговори и со Загреб и желба огромна ни е деновиве да стапиме во контакт и со Барцелона“, вели претседателот на сојузот на спортови од Струга, Гоце Чакар.
Чакар е среќен што Струга е расадник на таленти во ракомет. Тој додава дека и половина од Македонската репрезентација е составена од Стружани. Имаме врвни ракометари кои играат и надвор од земјава. Треба да сме горди и на новата млада генерација која пристигнува, по онаа која замина во Вардар. И кој клуб и да го донесеме, без Струга турнирот нема да биде интересен, додава претседателот на сојуз на спортови на Струга.
Како и да е турнирот треба да се одржи во месец август, но според најавите, овој спортски настан навистина ветува многу и на спортски и на туристички план. Доколку се остварат желбите и се реализираат најавите, тогаш за Струга навистина надалеку ќе се слушне.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град