Стружанец светски првак во кик бокс

Александар Наумоски е светски првак во кик бокс, полулесна категорија. Го сретнавме во својот роден град Струга, ден пред да се врати во рингот во Америка. Заминува во битка по нови титули и успеси. Јавноста заслужува да ја слушне сторијата и патот на успехот на овој млад стружаец кој за кратко време стигна на светскиот врв во боречкиот спорт.

 |  Николоска Биљана  | 
naumoski
наумоски

naumoski 1Имињата на струшките спортисти се почесто на светската мапа на шампиони. Пред нецел месец титулата светски првак во полулесна категорија до 71 кгр, во кик бокс, ја понесе стружанецот Александар Наумоски. „Животот во Америка ми ги отвори портите кон успехот во кик боксот, успех со кој денес се гордеам“. Вака ја започна својата сторија светскиот првак во кик бокс, Наумоски.

„Најдов една вежбална случајно во Америка и почнав да вежбам. Тренерот многу ме инспирира и така влагов во натпреварувачките води. Јас дури бев во Македонија се бавев со ракомет секогаш сум имал желба да се бавам со спорт каде би можел да ги искористам моите способности“.

Наумоски во Калифорнија работи како ноќен менаџер во маркет а напорно тренира 3-4 часа дневно, 6 дена во неделата. За среќа, во текот на 5 години, тешки борби и противници, не се здобил со некоја посериозна повреда. Тој за ТВМ издвои моменти од неговата најтешка битка.

naumoski kik boks„Па јас можам да ја одвојам најтешката битка во репрезентацијата во Америка, се натпреварував во категорија до 81 кило тоа се две килажи поголеми од мојата 71 кило. Исто така имав претставник од Казакстан кој беше две глави надмене, со него ја имав најјаката и најопасната борба а ми беше најголем предизвик исправен пред мене“-вели Наумоски.

Но сепак, иако има потполна поддршка во кик боксот од своето семејство, битките на Наумоски најтешко ги доживува неговата мајка.

„Мајка ми секогаш вели, чувај се, чувај се, но тоа е тоа кога си во борба си ти и претставникот пред тебе и еден треба да изгуби нема двајца победници, но гледаме безбедноста да ни е прво а се друго потоа“, раскажува Наумоски.

Наумоски е голем ентузијаст. Вели чест е да се каже, „дете од Струга е светски првак“. Инаку тој во својата категорија е шампион во Калифорнија и првак во Америка. Тренира во американската реперезентација. За жал, досега во Македонија ниту се натпреварувал, ниту некој се заинтересирал за неговиот успех како македонец во друга земја. Наумоски со гордост зборува дека нашата земја важи за расадник на светски мајстори во спортот кои заслужуваат поголема поддршка од државата. Утре заминува во Америка, поточно во Вашингтон Сиетел, каде го очекува борба со противник од Канада.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top