Струшките веслачи од „Црн Дрим“ и покрај финансиските проблеми, сепак од регатите дома се враќаат со медали.
Струшките веслачи од „Црн Дрим“ и покрај финансиските проблеми, сепак од регатите дома се враќаат со медали.
Доказ за тоа е Александра Дејкоска која е државен првак во Македонија.Александра Дејкоска член на веслачкиот клуб „Црн Дрим“ од Струга, е државен првак во Македонија во скифт-за сениорки.
На последната меѓународна регата што се одржа во Пловдив-Бугарија, Дејкоска во конкуренција на квалитетни екипи од повеќе земји од светот, се заки со бронзен медал и го освои третото место. Стружанката ветува дека овде не застануваат нејзините успеси.
Дејкоска е помеѓу најдобрите веслачи во овој клуб. Во 75 годишното постоење на веслачкиот клуб, освоени се бројни награди. Од 30-тината членови иако поголем дел се јуниори, речиси сите напорно работат со цел клубот да го претстават како најдобар.
„Црн Дрим“ е познат речиси во сите земји, бидејќи нашите веслачи скоро на секое натпреварување дома се враќаат со медали, вели претседателот на клубот. Тој вели, доколку би се правело конпарација кога подобро се успеваше, би потенцирал дека тоа беа годините наназад. Иако скоро сите членови во клубот се талентирани и се обидуваме да се натпреваруваме на што повеќе регати, сепак тоа за разлика од некогаш, сега е малку потешко. Како и за секој клуб така и за овој, проблем се финсиските средства.
Голабоски вели доколку Агенцијата за млади и спорт ја зголеми месечната сума од 4 илјади денари месечно, тогаш би ни помогнале многу. На тој начин би биле поприсутни на повеќе регати и би освојувале повеќе награди, вели претседателот на клубот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град