Жолтата-окер боја доминира кај струшките такси превозници. Таксистите почнаа да бидат дисциплинирани, ги почитуваат правилата кои им ги наметнува Локлната самоуправа.
Речиси сите такси превозници кои поседуваат лиценца за вршење на такси превоз, се придржуваат на правилата кои им ги дикрира Општина Струга. Бojaдисувањето на возилата во жолта-окер боја, беше горливиот проблем кој ги засегнуваше таксистите и истиот не го прфаќаа.
По подолг период, надлежните успеаа да воспостават ред и да ги натераат сопствениците на такси возилата да ги бојадисаа во жолта боја. Сите оние кои сакаат сериозно да се занимаваат со такси превоз, покрај другото, мора да го почитуваат и овој услов кој е приоритетен, вели секретарот на о.Струга.
„Сите кои сакаат во иднина да вршат такси превоз, треба прво да ја почитуваат одлуката на Совњетот на општина Струга, односно воилата да се бојадисаат во жолта окер боја“- истакна Зоран Гулицоски, секретар на о.Струга.
Инспекциските служби при локлната самоуправа успеаја од поголем број такси превозниците да наплатат средства за лиценцата која ја поседуваат. Во моментов остана уште последната рата а дел од превозниците веќе го имаат подмирено долгот кон општина Струга, кажува Гулицоски. Тој потенцира дека во градот, полека се решава и проблемот со дивите такси превозници.
„Според моите сознанија од инспекторите тие имаат поднесено безброј пријави против таксистите кои не се придржуваат кон правилата. Веруваме дека со тоа ќе се стави крај на нелегалните превозници“- Зоран Гулицоски, секретар на о.Струга.
Тој потенцира дека инспекциските служби и понатаму ќе работаат со исто темпо. Веруваме дека за скоро време ќе ги решиме проблемите кои ги создаваат такси и линиските превозници.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град