Струшкиот основен суд времено ги забрани градежните зафати пред хотелот Блу Скај

Против сопственикот Дилавер Бојку се води истражна постапка за кривично дело, бесправно градење. Градоначалникот Рамиз Мерко ги уверува граѓаните дека се работи за санација на пукнат цевовод.

 |  Билјана Ќосеска  | 
Blue Sky
Blue Sky

Против сопственикот Дилавер Бојку се води истражна постапка за кривично дело, бесправно градење. Градоначалникот Рамиз Мерко ги уверува граѓаните дека се работи за санација на пукнат цевовод.

Основниот суд од Струга, на Дилавер Бојку, сопственикот на хотелот Блу скај,  му изрече времена мерка за забрана за натамошно изведување градежни зафати, откако дел од горниот кеј на реката Црн Дрим е ископан до темел. Судот ја изрече оваа мерка по барање на државниот правобранител,  и против Бојку се води истражна постапка за кривично дело, бесправно градење.

Blue SkyОва произлезе откако струшката јавност реагираше на зафатите кои интензивно се превземаат на дел од горниот кеј, односно, делот пред хотелот на Бојку. Градоначалникот на о.Струга, Рамиз Мерко смирува, вели дека општината има дадено согласност за ископ на дел од кејот. Додава дека навистина имало потреба од ископи, бидејќи  цевоводот кој поминувал тука  пукнал и им нанел штета не само на Блу Скај, туку и на соседните објекти.

Мерко тврди дека нема да се злоупотреби државното земјиште,  и дека сопственикот на хотелот кој воедно ја зеде обврската да ја санира штетата, ќе се придржува на ветувањето.  Градоначалникот ги уверува загрижените стружани дека ископаниот кеј ќе се врати во првобитна состојба.  

Со тврдењата на градоначалникот се побиваат сите шпекулации кои кружеа во градот, дека Бојку има намера да  направи подземен влез за ноќниот клуб во хотелот, како и дека горниот кеј ќе  се преуреди во летна  тераса која би го покривала долниот кеј и ќе се  простира до самата река.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top