Струшките стари градби опасност за минувачите

Граѓаните реагираат дека никој не превзема мерки. Ниту сопствениците ниту локлната самоуправа.

 |  Билјана Ќосеска  | 
ruina
руина

Граѓаните реагираат дека никој не превзема мерки. Ниту сопствениците ниту локлната самоуправа.

Старите градби во Струга ризични за минувачите. Поради тоа, сериозен проблем имаат жителите на улицата „Нико Нестор“ која се наоѓа во срцето на градот. Во тој дел има неколку руинирани куќи  стари над 50-тина години, кои претставуваат потенцијална опасност за граѓаните кои живеат тука но и оние случајните минувачи. Жителите предупредуваат, доколку наскоро не се презвемат било какви мерки, можно е да има посериозни последици.

„Ние со комшијата  поставивме потпирачи на куќата, барем малку да го заштитиме тој дел, за да не дојде до нешто непосакувано“-вели Добре Давчев, жител на улица„Нико Нестор“. Тој кажува дека сопственикот на куќата живеел во Скопје.

ruinaИако жителите од овој дел од градот алармираат на тоа колку се ризични старите руинирани градби, никој досега нема  превземено мерки.
Наделжните од Општина Струга велат дека се информирани за ваквите градби и оти се превземаат активности  за решавање на овој проблем.

Од таму   потенцираат дека градежните инспектори ги фотографирале куќите кои се на распаѓање. Ќе ги предупредат сопствениците на таквите градби,  во одреден рок да ги рушат истите или во спротивно за тоа ќе се погрижат самите инспектори. Од таму велат дека ќе ги превземат сите обврски за рушење на дотрајаните куќи  и потоа надоместокот ќе го платат сопствениците на ситите. Ветија дека проблемот ќе се реши за најскоро време.

 

{loadposition content9} 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top