Се чека на решение до 13-ти октомври. Дотогаш наставата ќе ја следат во мешан етнички состав.
Учениците од двете средни училишта во Струга денес се вратија на настава. Откако добија ветување од страна на министерот за образование дека за скоро ќе се најде решение, учениците македонци одлучија да седнат во училишните клупи. Министерот за образование и наука, Перо Стојаноски уште од 7 часот и 15 минути беше присутен во средношколскио центар со цел лично да се увери дека наиде на разбирање од страна на улениците.
Бидејќи стручното училиште Нико Нестор има доволно простор за воведување на етнички смени, во моментов се бара решение за гимназијата Ибрахим Темо. До 13-ти октомври има само две недели, учениците се прашуваат кое решение може да се изнајде за толку кратко време.
Како што ТВМ неодамна информираше, неофицијално постојат три можни локации кои ќе послужат како привремено решение. Иако до неодамна во јавноста беше експониран просторот во детското одморалиште „Мајски Цвет“ сепак поради судскиот спор, неофицијално оваа варијанта засега отпаѓа.
Извори на ТВМ велат дека моментално интензивно се размислува за сместување на дел од учениците во зградата на Заводот за вработување. Таму, на располагање во моментов има една просторија односно работен клуб, опремен со клупи и столчиња и истиот се користи за различни обуки кои ги организира заводот за вработување. Инаку во минатото, дел од заводот за вработување се користеше за одржување на настава на текстилната струка.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град