Струшките советници се фатија за работа

Се заколнаа на чесно работење, застапувајќи ги интересите на граѓаните.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого

Новиот струшки совет денес официјално започна со работа. Конститутивната седница процедурано  ја водеше најстариот член од советот, советникот од редовите на ДУИ,  Ќазим Салкоски.
Во актуелниот струшки совет  се вбројуваат  и советниците од Нова Демократија и ПЕИ. Тие  се заколнаа на чесно работење во корист на граѓаните на Струга.

„Ќе се залагаме за брз и ефикасен развој на Струга. Сакаме да го вратиме стариот сјаја на градот“-вели советникот од ПЕИ, Мирсад Мемишоски.

Многу успех и полни раце работа, на советниците им посака претсестелот на струшкиот совет  од минатиот состав, Сејфула Хани, кој воедно ја свика и отвори седницата. Тој е задоволен од тоа коако го водеше минатиот совет и од работата на советниците.

sovet„Единствено ми е жал што не успеавме да го исгласаме Статутот на општина Струга. Инаку во изминативе 4 години имавме добра соработка со администрацијата и градоначалникот на Струга“-вели поранешениот  претседател на совет, Сејфула Хани.

Според него, хендикеп на сегашниот совет е тоа што меѓу советниците има само 1 од претходниот состав. Тоа е советникот од редовите на СДСМ, Илија Мацески.

Инаку, на денешната конститутивна седница се формира и верификационата комисија. Претседател на истата е Елведина Дика а членови се Џеладин Кица и Јулијана Зуноска.
 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top