Струшките плажи ќе ги уредува министерството за транспорт и врски

Битката ја загуби Локлната Самоуправа откако Апелациониот суд пресече во корист на ресорното министерство, вели министерот Јанакиески.

 |  Билјана Колоска  | 
plaza
плажа

Битката ја загуби Локлната Самоуправа откако Апелациониот суд пресече во корист на ресорното министерство, вели министерот Јанакиески.

Струшките плажи ќе ги уредува Министерството за транспорт и врски. Ова го најави министсерот Миле Јанакиески, при посетата во Струга, потенцирајќи дека битката со локалната самоуправа е завршена. Јанакиески се пофали оти Апелациониот Суд на ресорното министерството им го дедели земјиштето од плажите. Следно е рече тој, да го уредиме крајбрежјето на идентичен начин како што тоа го  направивме со плажите во Охрид.

 

„Ако Струга го добие правиот кандидат тогаш без сомнение ќе имаме уредени плажи и пристојна туристичка сезона“-вели министерот Миле Јанакиески.

tribinaТој потенцира оти Струга има сериозен проблем со развојот на урбанизмот. Локалната Самоуправа досега се правдаше оти тоа се должи на како што велеа обструикциите од централната власт но реално проблемот не лежи кај нас, додаде министерот. Струга секогаш била во приоритетните градови каде министерството планирало да инвестира, вели Јанакиески.
Развојот на градот посебно во областа урбанизам зависи од тоа како првите луѓе умеат да се справат со процесот на децентрализација, вели Зоран Коњаноски зборувајќи како поранешен минисатер за Локална Самоуправа.с
За тоа како Струга да достигне урбанистички напредок, синоќа двајцата министри дискутираа на трибина во Струга.

 

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top