Струшката ДПА ќе стои на страна

Денес на прес конференција, Менди Чура рече дека  граѓаните сами ќе одлучат за кого ќе гласаат.

 |  Билјана Колоска  | 
logo
лого

Кандидатот за градоначалник од ДПА, Менди Чура денес излезе на прес конференција да обелодени дека лично не одлучува за кого ќе гласаат членовите и симпатизери на ДПА. Јас се изјаснив на 27.3 дека после првиот круг се повлекувам и освоените 5 илјади гласови ги препуштам  на штабот да одлучи  што понатаму. Чура првично, го пренесе ставот на Мендух Тачи, дека  ДПА застанува зад кандидатот албанец, а сега ставот се промени. А за сметка на тоа, на негова адреса пристигнаа обвинувања.

Mendi Cura„Ги демантирам шпекулациите дека сум добил од ПЕИ 500 илјади евра, за возврат Цаноски да ја довбие подршката од ДПа. Тоа се ниски шпекулации од моите опоненти“-вели Менди Чура.

Во моментов ДПА нема да застане зад кандидатурата на ниту еден од двајцата градоначалници. Ги демантираше шпекулациите кои во меѓувреме се проширија во јавноста дека струшката  ДПА ќе подржи некој од кандидатите.
Чура повика на фер и демократски избори, без притисоци и инциденти.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top