• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Струшките советници реагираат во врска со распределбата на буџетските средства за асфалтирање

Струшките советници реагираат во врска со распределбата на буџетските средства за асфалтирање

Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на локалните патишта во општина Струга за 2016 год, тежи 168 500 000 денари. Од неа претежно се асфалтираат албанските села, додека пак македонските се запоставни реагираат советниците од македонскиот политички блок од Струга.

 |  Николоска Биљана  | 

Без да се утврдат приоритетите бесполезно е да се донесе програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, држување и заштита на локалните патишта во општина Струга за 2016 год. Координаторот на советничката група на СДСМ Даме Ложанкоски, на последната седница на струшкиот совет побара повлекување на оваа точка од дневен ред  

„Иста програма или слична на оваа е со реализација околу 26% за минатата година, што значи дека не е функционално во овој момент да се има обемна програма без при тоа да се има приоритети. Целта ми беше координаторите на советничките групи заеднички да се договорат кои приоритети би ги градела или реконструирала општината во 2016 год“ – нагласува Ложанкоски.

Постојат повеќе причини поради што не се согласуваме да се донесе програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, oдржување и заштита на локалните патишта во општина Струга за 2016 год, вели Перо Петкоски координаторот на ВМРО – ДПМНЕ од Струга. Тој смета дека истата е гломазна и секоја година се реализира само една четвртина од истата.

„Во таа програма се пишува се и сешто за секое населено место и на крај градоначалникот по желба од нив зема и ги реализира проектите таму каде што му одговара, односно си земам за право да кажам дека македонските села претежно се запоставени, додека пак албанските села се асфалтирани и се прават проекти“- вели Петкоски.

Петкоски објасна дека кога имало точка на дневен ред за средства од ИПАРД програмата за обезбедување проекти, како советничка група, преку Советот побарале втор член во точката, каде  градоначалникот бил задолжен во рок од 5 дена да  достави до ИПАРД, проект за асфалтирање на патот Мислешево – Мороишта. И таа одлука градоначалникот не ја испочитувал. Па така сега преку правната комисија на ОК на ВМРО – ДПМНЕ до надлежните органи доставиле преставка за таквиот однос на градоначалникот со цел да се изнајде механизам и приоритетите во иднина да се почитуваат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top