Го подржаа предлогот на градоначалникот Рамиз Мерко, да се започне со градба на новото средно училиште.
Го подржаа предлогот на градоначалникот Рамиз Мерко, да се започне со градба на новото средно училиште.
Струшкиот совет денес ја одржа втората работа седница. Време е заеднички да помогнеме во изградбата на новото средно училиште, се ближи учебната година, истот проблем, со недостиг на просторни услови, па ќе се повтори, истакна градоначалникот Рамиз Мерко. Предложи да се забрза процедурата околу изградба на новото училиште.
„Како градоначалник на Струга барам од вас советници, да се стави точка на дневен ред „Измена на Генерален урбанистички план на о.Струга“.
Ако не се промени планот, во никој случај не може да започнат зафатите за изградба на училиштето. Другата процедура веќе е завршена, се чека уште ова“- истакна градоначалник на о.Струга.
Се што се кажува на седницата од сега па натаму ќе биде снимено. Ова е нов начин на работа на актуелниот совет. Во записниокот од секоја седница, излагањето на советниците ќе биде во скратена форма. На ова рагираа градските избраници. Велат, дека записникот е од големо значење и неопходно е во него да бидат цитирани советниците во целост.
„Се трудиме во нашата работа да бидеме напредни. Токму и тоа беше целта на новиот начин на евиденција на работата на советот, а не да се враќаме 10 години наназад“-вели секретарот на општина Струга.
Објаснува дека целата седница ќе биде снимена на СД. Кој е заинтересиран може да си побара примерок од ЦД-то и ќе му биде дадено.
На денешната седница на совет, меѓу другото советниците ги прифатија и повеќето предлог одлуки кои воглавно се однесуваа на детални урбанистички планови.
Како градоначалник на Струга барам од вас советници, да се стави точка на дневен ред Измена на Генерален урбанистички план на о.Струга.
Ако не се промени планот во никој случај не може да започнат зафатите за изградба на училиштето. Другата процедура веќе е завршена, се чека уште ова.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град