Струшките советници богато ќе ја дочекаат најлудата ноќ

Од 50 000 евра колку што тежи Програмата за дочек на Нова Година за општина Струга, цели 10 600 евра ќе потрошат советниците. И покрај тоа што струшките социјалдемократи беа воздржани, а советниците од ВМРО- ДПМНЕ гласаа против, Одлуката помина со мнозинство гласови за.

 |  Николоска Биљана  | 

Струшките советници со 10 600 евра буџетски средства ќе ја дочекаат најлудата ноќ. На последната седница на Советот на општина Струга мнозинството на советници ја донесоа Програмата за дочек на Нова година. Во оваа економска криза ќе бидат потрошени високи  суми на средства за најлудата ноќ, согласни дел од советниците од СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ. Даме Ложанкоски категоричен дека никогаш не биле против реализација на програмата за Нова година, но смета  дека тие средства би можеле да завршат на детското одделение Струга каде состојбата во моментов била алармантна.

„Но боде очи тоа за ставката на советниците затоа ние гласавме воздржано за таа програма, бидејќи две три години наназад апелираме тие пари да се пренаменат, но мнозинството во Советот на општина Струга си носи таква одлука“ – вели Ложанкоски.

Струга како туристички град треба да биде украсен за новогодишните празници, пред се и заради граѓаните, вели Перо Петкоски од ВМРО – ДПМНЕ, но не треба да се претера. Тој вели дека советниците на ВМРО – ДПМНЕ секоја година средствата ги донирале онаму каде што имало потреба.

„Не треба расфрлување затоа што и градоначалникот апелира дека има блокирани сметки на училишта, неплатени сметки за струја а ние се расфрламе каде што не му е местото“ – изјави Петкоски.

Во годинешната Програма за дочек на Нова година на општина Струга, ставките се зголемени не само за советниците, туку и за новогодишното украсување, за новогодишни календари, нотеси, пенкала и часовници.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top