Струшките плажи подготвени за сезоната

Главните свратилишта на граѓаните и бројните туристи на Струга и Охрид се плажите. Струшките плажи се подготвени за престојната туристичка сезона и покрај проблемите кои се јавија околу концесионерството. Струшките концесионери сметаат дека граѓаните веќе го кажаа своето „да“, за референдумот кој го предложи градоначалникот.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Во завршна фаза се последните подготовки за летната туристичка сезона во Струга. Концесионерите велат дека се подготвени да ги пречекаат првите домашни и странски туристи и годинава имаат побогата понуда, но и новитети. Боро Симјаноски концесионерот на атрактивната Женска Плажа во Струга, открива дека нивниот семеен бизнис годинава на туристичкиот пазар се јавува со нов објект во близина на реката Црн Дрим.

„Дел од холанѓанитие се дојдени во Струга, за жал ги нема многу во нашиот град повеќето се во Охрид, но тие веќе почнаа да ги користат лежалките. Ние очекуваме таа бројка да се зголеми на 15 – 20 ти јуни ако временските услови бидат добри и почетокот на јули. Знаете дека во Струга сезоната е 50 сетина дена во тој период струга е полна со гости и туристи и ние концесионерите на плажите сите се подготвени за почеток на сезоната“ – вели Симјаноски.

За време на летната туристичка сезона на струшкиот дел од Охридското Езеро работат околу 400 лица, секој различно ангажиран, потенцира Симјаноски, а 70 од нив работат во неговата фирма. Симјаноски проговори и за околу тоа како се справуваат со проблемот околу концесионерството со плажите и немањето на слух на струшката Локална Самоуправа, да седнат на иста маса и да го надминат.

„Ние како концесионери сме постапиле по договорите кои сме ги склучувале со локалната самоуправа така и со Министерството за транспорт и врски, односно Владата на РМ и тие договори ги почитуваме до ден денес. Ние пред се работиме во интерес на граѓаните и гостите. Нажалост во изминатиот период не сме имале никаква средба со општинските функционери задолжени за туризам“.

Симјаноски вели дека врзани им се рацете за нови инвестирања на плажите бидејќи се придржуваат кон постоечкиот договор. Тие успеале да уредат едно детско игралиште како катче за рекреација на најмладите и терен за одбојка на песок , но за поголеми инвестирања за нови содржини треба согласност од општината и ресорното министерство. Симјаноски категоричен дека треба уште многу да се направи за уредување на плажите посебно заради привлекување на што поголем број гости.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top