Струшките студенти и родителите сеуште на протест

Бараат од Министерството за образовани финасиски да му излезе во пресрет на Економски факултет.

 |  Колоска Билјана  | 
index
индекс

Бараат од Министерството за образовани финасиски да му излезе во пресрет на Економски факултет.
протестСтудентите од Струга повторно на протест. Не попуштаат, велат ќе одиме до крај, да си ги бараме нашите права, дисперзираните студии мора да профункционираат во Струга. Во ист состав родителите и студентите денес повторно го изразија својот револт преку протест. Бараат од Економскиот факултет но и од Министерството за образование да изнајде било какво решение и децата да почнат со настава но во Струга,  а не во Скопје.

Родителите вчера беа на преговори кај министерот за образоание, Никола Тодоров, со цел итно започнување со настава на дисперзираните студии во Струга.
Од Економскиот факултет и понатаму стојат на ставот дека оваа институција нема финансиска моќ да ги покрие трошоците на кадарот да патува до Струга.  Доколку министерството ни обезбеди финансиски средства, како што првично беше договорено, тогаш не би ни претставувало проблем да функционираат дисперзираните студии во Струга, е објаснувањето на деканот на факултетот. Во текот на денешниот ден се очекува министерот и деканот да изнајдат решение со кое би им излегле во пресрет на вкупно 44 студенти во Струга. Родителите утре повторно се на средба со министерот Тодоров, од каде се очекува да се слушне пресудната одлука, дали дисперзираните студии ќе профункционираат во Струга. Родителите најавија доколку се донесе одлука спротивна од онаа која тие очекуваат, ќе протестираат или пред Економски факултет или пак пред Влада на Р. Македонија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top