Струшките советници го подржаа ребалансот на буџетот

Иако истиот беше пропратен со низа забелешки на советниците, тој помина во интерес на спас на дел од институциите, посебно на образованието.

 |  Николоска Биљана  | 
Merko sednica
Мерко седница

Струшките советници со низа забелешки во врска со ребалнасот на буџетот за 2012. Но и покрај тоа советниците го поддржаа. На Денешната 45 та по ред седница на струшкиот совет се направи математика на приходната и расходната страна на годинешниот буџет за третиот квартал. До крај на годинава остануваат нереализирани 900 000 евра, забележува советничката од редовите на ДУИ Љуљзиме Зулали, која воедно и прашува како ќе дојде до нивна реализација, од продавањето на неизграденото земјиште во индустриската зона. Оваа не е единствена забелешка на Зулали.

sednica Struga„Исто така суштинска забелешка во овој ребаланс и во третиот квартална општина Струга многу малку има потрошено за оддржување на школите кои се во лоша состојба.“-рече советничката од ДПА, Љуљзиме Зулали.

Постојат огромни разлики во планираното и реализираното, забележува Момчило Аврамоски. Тој истакна дека проблемот е во тоа што она што е витално за градот е реализирано во минимален процент, но поддршката на ребалансот на буџетот од нивната страна доаѓа поради спас на образованието и надминување на проблемите со огромните долгови за нафта и превоз.

„Имавме и забелешки од страна на вложувањата во образованието, во намалувањето на средствата за спортот руралните подрачја се комплетно запоставени во тоа“-вели Момчило Аврамоски-советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Sovet opshtina StrugaГрадоначалникот на општина Струга Рамиз Мерко, смета дека реализацијата на буџетот е добра, освен во ставката за продажба на градежно неизградено земјиште. Тој во врска со ребаланскот на буџетот кажа дека нужни биле измени со цел да се надмине кризата со греењето во струшкиот образовен процес и оти тоа на општина Струга ќе ја чини 20 000 евра.

„Ние сите имаме заеднички став дека средствата за основно и средно образование од дотациите се ниски, а тие средства треба да доаѓаат од буџетот на Владата преку дотации но тие средства се мали во споредба со трошоците по школите. Оваа година се интервенираше со нафта за греење преку државните резерви на Струга и беше доделено 60 тони нафта за таа намена.“-рече градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

Според изјавите на првиот човек на Струга, Рамиз Мерко, во струшките училишта нема да има зима, но само до второ полугодие. После тоа најверојатно Пуцко Петрол како најповолен понудувач на веќе распишаниот тендер, ќе ја преземе одговорноста за снабдување со огрев, барем според кажувањата на Мерко.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top