Формирањето паралелки со помал број ученици, ја разгори дискусијата во струшкиот совет.
Советниците од ДПА побараа да се овозможат исти услови за учење како за македонците така и за албанците.
Нивното внимание беше сконцентрирано на неколкуте предлог Одлуки поврзани со образованието. „Неопходно е сите заедно да ја излгасаме предлог одлуката за формирање паралелки со помал број во средните училишта“- истакна советникот а воедно и директор на „Нико Нестор“, Никола Затуроски.
На оваа предлог одлука реагираа и советниците од ДПА. Љуљзиме Зулали вели, ние бараме сите ученици да имаат исти услови за учење без голема разлика во бројот помеѓу паралелките.
Нема потреба да се политизираат работите во образованието, вели раководителот на одделението за образование, Џејми Хајредини. Штом директорот на гимназијата, кој е албанец, не реагирал за оваа предлог одлука, тогаш работите во училиштето се во ред и нема потреба од реакции од страна на советниците, додава Хајредини. И по бројните дискусии неколкуте предлог одлуките поврзани со образованието се изгласаа.
На денешната седница советниците расправаа и за Предлог Одлуката за Извештај за работата на МЈП „Проаква“ Струга во период јануари-јуни 2009.
Советникот од редовите на СДСМ, Александар Попоски, по втор пат, како на претходната така и на оваа седница го постави прашањето до каде е проектот за поставување канализација во селата Ложани и Враништа.
„Не ми е јасно како најдовте пари за канализација во околните села а овие две постојано се пескокнуваат. Трпението кај жителите попушта. Додека не добијам одговор од надлежните ова прашање ќе по поставувам секоја седница“- вели Попоски.
Меѓу другото, на денешната седница советниците ја изгласаа и Предлог Одлуката за утврдување цена на услуга на ЈП „Комунално“ Струга.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град