Од преродбата на Вмро Дпмне, по преземањето на власта од 2006 година, во Струга не е остварено ниту едно предизборно ветување критикуваат струшките социјладемократи. Власта не е заинтересирана за решавање на проблемите кои ги мачат стружани, а кои се во надлежност на владеачката коалиција.
Од преродбата на Вмро Дпмне, по преземањето на власта од 2006 година, во Струга не е остварено ниту едно предизборно ветување критикуваат струшките социјладемократи. Власта не е заинтересирана за решавање на проблемите кои ги мачат стружани, а кои се во надлежност на владеачката коалиција. Во Струга владее невиден урбанистички хаос, гради секој и насекаде без да се исполнат основните критериуми. Регионалните и локалните патишта се во очајно лоша состојба, а градската чистота е на ниско ниво истакна Александар Попоски, претседател на струшките социјалдемократи. „ЈП Комунално допринесе да се зголемат цените на услугите од 60 до 100 проценти, а Струга не е почиста, а вработените штрајкуваат со што градот е претворен во депонија“. На само два месеци пред стартот на туристичката сезона градот не е подготвен да ги пречека гостите констира Попоски. Туризмот е на ниски гранки и уназаден. Коалицијата ВМРО-ДУИ сеуште не може да се договори на чии партиски кадри да се поделат машка и женска плажа.
Од неодамна цела Струга е претворена во паркинг простор, дури и единствениот плоштад укажува Попоски. Градоначалникот ги има дадено на членови на Дуи истакнува Попоски кои пак наплаќаат по 50 денари за паркинг, а при тоа не издаваат фискална сметка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град