Процедурата е при крај. Кандидатите најверојатно ќе конкурираат на почетокот од следната година.
Летово струшките плажи ќе бидат за пример. Дефинитивно се усогласија ставовите на засегнатите страни. По иницијатива на вицепремиерот Абдулаки Адеми, општина Струга интензивно е во преговори со Министерството за транспорт и врски, со цел што поскоро да се уредат градските плажи, информира градоначалникот Рамиз Мерко. Стигнавме до последната фаза. Досега не ги издадовме плажите под концесија бидејќи немавме комплетни податоци за претходната состојба на крајбрежјето, вели градоначалникот.
„Од катастар извршија мерење, сега го чекаме катастарскиот премер. Заедно со овие податоци и елаборатот се надеваме дека до крајот на оваа година состојбата со плажите ќе е кристално чиста“-вели градоначалникот Рамиз Мерко.
Иако до скоро надлежните водеа битка под чива капа да се плажите, сепка тие и понатаму ќе останат под ингеренции на Р. Макеодонија.
„Засега ќе е така, но сепак имаме заедничка комисија составена од претставници од општината, министерството и Владата“-вели Мерко.
Условите кои ќе треба да ги исполнуваат кандидатите се исти како и оние кои првично беа презентирани. Секоја плажа ќе се издава под консесија од 2 до 5 години, засега тоа ни е во план, потенцира градоначалникот. Освен плажите кои моментално се уредени, под концесија ќе се издаваат и другите.
Тендерот за издавање на струшките плажи под концесија се очекува да биде објавен на почетокот на наредната година. Има доволно долг период да се уредат плажите, преку кои Струга би ги привлекувала туристите, вели градоначалникот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град