Струшките гимназијалци подготвени за матурската гала

Годинешнава генерација матуранти во четири различни угостителски објекти, традиционално ќе ја слават својата матурска вечер. Но овој пат организирана прослава ќе има само една вечер.

 |  Николоска Билјана  | 

После четири години поминати во училишната клупа струшките матуранти деновиве масовно се подготвуваат за матурската прослава. Двете струшки гимназии „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“, потполно подготвени за исполнување на годинешната програма на генерацијата матуранти. Директорот на „Нико Нестор“, Васил Максимоски, вели дека за годинешнава генерација матуранти максимално се ангажирал со се што било во негова надлежност.

Директорот на „Ибраим Темо“, Урим Крека, вели дека годинава ќе се збогува со една примерна генерација матуранти. И во нивната гимназија се е во знак на реализациаја на матурските активности.
Двајцата раководители на струшките гимназии имаат различна програма за реализација на матурската вечер. Но во едно се со заеднички став, дека подржуваат и организираат прослава само за една вечер, со комплетна одговорност на класните раководители.
Годинава матурантите од македонска национална припадност од „Нико Нестор“, ќе слават во хотел Дрим, додека пак матурантите од албанска национална припадност ќе бидат во хотел „Дипломат“. Албанските матуранти од „Ибраим Темо“, ќе слават во Аполонија, македонците во „Климетица“, Охрид. Годинава од струшките гимназии ислегуваат 715 матуранти. Директорите на матурантите им ја честитаа престојната матура и порачаа да се грижат за безбедноста кој во ваквите гали е најважна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top