Струшките бајкери, одбележуваат годишнина

300 бајкери од Македонија и соседните земји два дена на гости во Струга. Домаќините од Мото Клубот „Струга“, велат дека се е подготвено за несекојдневна дружба во летната бавча на Домот на културата „Браќа Миладиновци“, по повод нивната годишнина.

 |  Билјана Николоска  | 
znak
znak

Струшките бајкери подготвени за дружба. Околу 300 моторџии од земјава и странство, два дена ќе престојуваат во Струга. Повод за тоа е одбележување на годишнина на струшкиот Мото клуб. Тие покрај тоа што ќе изведуваат професионални вежби, ќе се разладат со пивце, добра скара и ќе разменат муабети од нивна бранша. Организаторите велат дека собирите од ваков карактер се неповторливо доживување. Зоран Мојсовски кој е член на клубот од самото постоење, вели дека мора да се покажат во вистинско светло како добри домаќини, бидејќи сепак се работи за традиционално одбележување.

motordziiЕден фестивал од ваков карактер не може да опстои без спонзори, нагласи Мојсоски. Тој додава дека за тоа, трошковникот е голем и бара буџет. На тоа поле биле ангажирани скоро сите членови на Мото Клубот „Струга“.

Пред почетокот на еден ваков голем и несекојдневен настан, нормално е да се наметне прашањето, кој мотор од оние што се регистрирани да учествуваат на фестивалот е најскап и најдобар. Бајкерот Мојсовски, одговори.

motordziiМото Клубот „Струга“, генерално постои 5 години. Порано струшките бајкери индувидуално се организирале и учествувале на собири низ цела Европа. Следејќи ги европските искуства каде во организација на фестивали од ваков карактер учествувале цели клубови, одлучиле и тие да формираат клуб. Денес, Мото клубот од Струга брои 30 членови и сите ја почитуваат својата бајкерска девиза, а тоа е, моторџиите од целиот свет во секое време да се добредојдени во општина Струга и без проблем да им биде обезбеден престој и се што е потребно.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top