Струшката градинка дел по дел ги решава проблемите

Набрзо треба да се промени азбесниот покрив во струшката градинка „Сонце“. Средствата во висина од два и пол милиони денари се обезбедени дел од Локалната самоуправа дел од Граѓанското општество. Директорот сашо Клечкароски со оптимистички најави, дека градинката застанува на свои нозе и добар дел од долгот со кој установата години нананзад се соочувала бил вратен. Очекуваат проширување на објектот поради големиот интерес на деца за згрижување, а секако со тоа и нови вработувања.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Струшката градинка „8 ми Март“, дел по дел ги надминува проблемите со кои години наназад се соочува. Објектите во кои престојуваат околу 500 деца речиси 35 години не се комплетно реновирани. Проблемите од недостаток на простор, зголемениот интерес за престој на дечиња, кровот кој и при најмали врнежи од дожд прокиснуваат, директорот на установата Сашо Клечкароски, се нафатил сериозно да ги реши. Тој не крие дека наследил незавидна состојба, но и тоа дека успеал околу 90% од истиот да го врати и во моментов немаат посериозни долгови.

„Во моментот кога почнав со работа во детската установа 8 ми Март, наследив внатрешно несредени… како финансиски така структурни и материјални работи кои што благодарение на тимот со кој работам, успеавме да ја подобриме моменталната состојба во установата “ – вели Клечкароски.

Минатата година во објектот на градинката Сонце била извршена мала санација на кровот за да не капе, информира Клечкароски. Тој нагласи дека имаат сериозна потреба од нови простории бидејќи имаат и голем интерес за упис на деца кои се на листа на чекање.

„Јас лично би дал една сугестија дека од септември за новата учебна година 2016 – 2017 ни е потребна да се помогне да се реши проблемот со вишакот на деца кои ни се тука…имаме нова листа на чекање деца што треба да се згрижат, а јас би напоменал прво да се направи една до две нови градинки или постојните да се доградат за да има место за една до две паралелки за да можиме да ги згрижиме дечињата кои се на листа на чекање“.

Клечкароски рече дека набрзо очекуваат да биде променет кровт на градинката кој е од азбестен материјал, каде со средства во висина од 2 и половина милион денари ќе партиципира Локалната самоуправа и граѓанското општество. Исто така доколку се подобрат просторните услови и се обезбеди место за уште две занимални, директорот најави и нови вработувања секако со дозвола од ресорното министерство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top