Струшката депонија повторно гори

Стружани бараат од Владата и Општината да се набави опрема со која отпадот од депонијата би се транспортирал во скопската депонија „Дрисла“. Барањето е резултат на вчерашното повторно палење на депонијата.

 |   | 

На проблемот на стружани со дивата депонија, како да му нема решение. Од вчера струшката депонија повторно гори, а граѓанските здруженија повторно се мобилизираа, овој пат со ултиматум до владата и општината во рок од десет дена да го реализираат ветувањето дека ќе биде набавена опрема со која струшкиот отпад би се пренесол во скопската депонија „Дрисла“.

„Во име на граѓаните на Струга бараме во рок од десет дена во струшката депонија да престане да се носи нов отпад, односно да се отпочне со транспорт на отпадот на друга депонија, како што беше ветено од Владата на Македонија и од Вас лично. Да се заштити депонијата од нови пожари до нејзина целосна дислокација. Да се изнајде долгорочно и издржано решение за управување со отпадот од Струга. Да се ревитализира почвата на која е лоцирана депонијата“– изјави Адријан Демири, граѓанска иницијатива “Стружани за Струга“

Претставниците на граѓанските здруженија, потенцираат дека не ни треба да се чека десет дена, дека станува збор за егзистенцијален проблем кој трае четири метесеци и дека стружани треба сериозно да се сфатат во нивните барања и потреби. Од граѓанската иницијатива „Доста е“ пак информираат дека денеска и писмено се обратиле од владата и до локалната власт со барање да кажат до каде е процесот на набавка на големо волуменските прес контејнери и ставање во употреба и камионите.

„Доколку надлежните немаат човечки капацитет да ја спроведат одлуката на владата за итна помош за дивата струшка депонија, ние како граѓанска иницијатива можеме да излеземе во пресрет и дел од преставниците да бидат овластени со цел спроведување на одлуката на владата“. вели Глигорије Ќатоски- граѓанска иницијатива „Доста е“.

Велат дека побарале информација и од агенцијата која ја обезбедува депонијата да ги информира зошто вчера се случило палењето и кој затаил. Невладините организации велат дека депонијата и натаму се полни со отпад но во зголемени количини поради туристичката сезона, со што расте и опасноста од нејзино запалување, додека градот продолжува да се труе.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top