Струшката чаршија станува пазар

Покрај бижутерија, музички цедеа, по шеталиштето се продава и овошје.

 |  Билјана Колоска  | 
тезги
tezgi

Во моментов комуналните инспектори немаат одврзани раце да превзенмат мерки, информираат од таму.

На туристите не им пречеле тезгите, но стружани велат дека ваквата слика не му доликува на еден туристички град.

tezgiВаквиот хаос е вообичаен за овој период од годината-пред почетокот на туристичката сезона,  и вообичаено е и инспекторите да не превземаат никакви мерки.
Од комуналниот инспекторат велат дека во моментов имаат заврзани раце да превземат било какви активност за да ги протераат тезѓаџиите.

„Додека советот не донесе одлука со која ќе дефинира какви се времени објекти или тезги можат да се постават вдолж струшката чаршија“, вели Агни Даути.

После одлуката на советниците веднаш ќе се фатиме за работа, вели Даути.

Поучени од претходните веќе претходно знаеме дека и покрај мерките кои ќе ги превземаме сепак не во целост да можеме да воспоставиме ред во чаршијата, вели Даути.

„Овој но и другите слични проблеми би се решиле само доколку Основниот суд работи експресно, вели инспекторот. Само на тој начин ќе го  регулираме нередието и со тоа ќе се добие позитивен ефект“, додава Даути.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top